Њукасл се вклучи во трката за потписот на ѕвездата на Рома и италијански репрезентативец, Николо Заниоло.
Милан и Јувентус беа заинтересирани за Заниоло, но не беа спремни да ја платат сумата од 50 милиони евра, колку што бараше Рома за неговата слобода.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
23-годишниот фудбалер има договор со Рома до 2024 година, а преговорите за продолжување на соработката пропаднаа.
Таквата ситуација сака да ја искористи Њукасл и веќе спремил понуда за Италијанецот.
„Чавките“ имаат поголема финансиска моќ од италијанските клубови и затоа се во пол-позиција за неговиот потпис.