Манчестер Јунајтед на лето ќе прави реконструкција на тимот, а приоритет ќе биде засилување на одбраната.
Солскјер сака да донесе барем еден врвен стопер на „Олд Трафорд“, а на списокот се наоѓаат неколку имиња како Кулибали, Алдервајлед, Умтити…
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес медиумите пласираа ново име, чии трансфер е најлесен за реализација, а станува збор за дефанзивецот на Рома, Костас Манолас.
Манчестер Јунајтед е спремен да ја активира откупната клаузула во договорот на Манолас која изнесува „само“ 36 милиони евра, па останува уште да ги договорат личните услови со дефанзивецот.
27-годишниот грчки репрезентативец е на мета на неколку европски гиганти, но наводно преферира преселба во Премиер лигата и е спремен да му каже „да“ на Манчестер Јунајтед.
Manchester United are ready to pay Kostas Manolas' €36m release clause in his Roma contract. (Source: Leggo) pic.twitter.com/NF0dePNMb6
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 15, 2019
Манолас има договор со „волчицата“ до 2022 година, но Рома нема да може да го задржи бидејќи во договорот има откупна клаузула.
Грчкиот репрезентативец наводно веќе донел одлука да ја промени средината на крајот на сезоната, без разлика дали Рома ќе обезбеди пласман во Лигата на шампиони следната сезона.