Иднината на Пол Погба се уште е главна тема во спортските медиуми на Островот.
Французинот е трансфер мета на Барселона и сака да си замине од „Олд Трафорд“, а некои медиуми тврдат дека веќе има договор со Каталонците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ не сакаат да го пуштат еден од најважните свои фудбалери, па ги одбија сите понуди.
Погба по мечот со Лестер изјави дека атмосферата во екипата не е баш најдобра, но дека не сака да зборува за тоа бидејќи клубот ќе го казни. Тоа само дополнително ги зголеми шпекулациите околу неговото заминување иако од „Олд Трафорд“ тврдат дека Погба сигурно останува.
Англиските медиуми пренесуваат дека во Манчестер Јунајтед пронашле начин како да го задржат Погба во своите редови и дека ќе го наградат за „лојалност“.
Наводно, доколку тој остане во Јунајтед и оваа сезона, ќе добие бонус од 3,4 милиони фунти следното лето.
Paul Pogba will earn a stunning £3.4million in bonuses if he stays at Manchester United this month. (Source: Metro) pic.twitter.com/wasKzawCe4
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 19, 2018