Дома Топ вести Јунајтед купува дефанзивец, Тен Хаг достави список со пет имиња

Јунајтед купува дефанзивец, Тен Хаг достави список со пет имиња

Манчестер Јунајтед ова лето речиси сигурно ќе привлече барем еден централен дефанзивец.

Се очекува Хари Мегваер, Рафаел Варан и Виктор Линделоф да останат на „Олд Трафорд“, но Фил Џонс, Ерик Баи и Аксел Туанзебе ќе си заминат.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ примија дури 57 гола оваа сезона во Премиер лигата, а новиот менаџер Ерик тен Хаг како приоритет ќе има засилување на одбраната.

„Спорт мол“ ги откри петте имиња на списокот на Холанѓанецот за засилување на одбраната.

На списокот се Пау Торес од Виљареал, Уриен Тимбер од Ајакс, Александро Бастони од Интер, Лисандро Мартинез од Ајакс и Кулибали од Наполи.

„Црвените ѓаволи“ ова лето ќе донесат најмалку еден од наведените дефанзивци на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ниту Фергусон повеќе не верува во Тен Хаг, легендата има свој фаворит

Maнчестер Јунајтед во последниот викенд во Премиер лигата ја продолжи лошата форма откако …