Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд сериозно размислува сериозно размислува да го напушти „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.
Тој има договор до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па треба да донесе одлука.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку не стави потпис на нов договор, тоа ќе биде последна шанса Манчестер Јунајтед да го продаде. Клубот во неколку наврати испрати понуда за продолжување на договорот, но се уште нема одговор.
Последните информации се дека новиот менаџер Ерик тен Хаг дал зелено светло за негова продажба, бидејќи спрема реконструкција на тимот.
Оваа сезона Рашфорд не игра во добра форма и го загуби првотимскиот статус со доаѓањето на Рангник.