Претставници на Манчестер Јунајтед отпатуваа во Амстердам за да го договорат трансферот на Лисандро Мартинез, еден од најдобрите играчи на Ајакс.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Црвените ѓаволИ“ во првиот припрмеен натпревар го совладаа Ливерпул со убедливи 4:0, но менаџерот Ерик Тен Хаг не може да се опушти затоа што е јасно дека на екипата и се потребни засилувања.




Засега единствениот играч кој пристигна на „Олд Трафорд“ е левиот бек Тирел Маласија од Фејенорд, а холандскиот тренер се спрема да доведе уште едно засилување од својатра земја.




Тен Хаг во Ајакс во 2019 година го доведе 24-годишниот Лисандро Мартинез кој минатата сезона беше прогласен за најдобар играч на Ајакс. Јунајтед се обидуваше да го доведе Аргентинецот и претходно ова лето, но почетната понуда од 50 милиони евра Ајакс ја одби.




И Арсенал исто така беше заинтересиран за овој играч, но се откажа затоа што на „Емирати“ сметаат дека Мартинес повеќе би сакал да игра под водство на својот поранешен тренер.