Торински Јувентус наводно е спремен да го продаде Дибала.
Аргентинскиот фудбалер не е задоволен од улогата во тимот која ја имаа оваа сезона. Тој сака многу повеќе, но не се вклопува во плановите на тренерот Алегри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Затоа, од летоска Дибала би можеле да го гледаме во нов клуб. Интересот за неговите услуги е огромен, а Бјанконерите наводно веќе ја поставиле цената.
Таа изнесува 120 милиони евра. Секој тим кој го сака во своите редови ќе мора да биде спремен да ја издвои оваа сума, а Аргенинецот на крајот ќе одлучи каде да замине.
Дибала се поврзува со неколку екипи. Баерн и Ливерпул се клубовите кои најмногу се спомнуваат како негова следна дестинација, а тука се уште Манчестер Сити и Реал Мадрид.