Дома Топ вести Јувентус фаворит за потписот на бразилски талент (видео)

Јувентус фаворит за потписот на бразилски талент (видео)

Јувентус се вклучи во трката за потписот на бразилскиот талент и ѕвезда на Ботафого, Луис Енрике, пренесува „Газета дело Спорт“.

18-годишниот крилен фудбалер го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и е во пол-позиција за неговиот потпис.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ботафого има големи финансиски проблеми и ќе биде приморан да го продаде Луис Енрике, а Јувентус е спремен да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во Торино релативно ефтино.

„Бјанконерите“ следат уште неколку таленти во Бразил, како Кајо Жорже од Сантос, кој важи за еден од најдобрите млади играчи во Бразил, но за него конкуренцијата е многу голема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…