Дома Трансфер зона Јувентус спремен да го прифати Дембеле во замена за Пјаниќ

Јувентус спремен да го прифати Дембеле во замена за Пјаниќ

Во последно време многу се пишува за можниот трансфер на Миралем Пјаниќ во Барселона.

Веќе некое време актуелни се шпекулациите дека Пјаниќ на крајот на оваа сезона ќе го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Не е тајна дека двата клуба преговараа, но не се блиску до договор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двата клуба преговараа за трампа според која Артур Мело би се преселил во Торино, но преговорите пропаднаа откако Бразилецот ја одби „старата дама“.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона има „план Б“ и сега ќе им го понуди Осман Дембеле во замена за потписот на Пјаниќ.

Јувентус првично ја одби ваквата опција, но „Тутоспорт“ пренесува дека раководството на „бјанконерите“ се предомислило и е спремно да прифати ваква трампа.

Во Јувентус веруваат дека Дембеле одлично ќе се снајде во формацијата на Сари, ќе може да го развива својот талент и конечно да го покаже својот потенцијал.

Секако, цената на Дембеле во моментов е повисока од онаа на Пјаниќ, па „старата дама“ ќе треба да доплати за потписот на Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…