Дома Трансфер зона Јувентус со официјална понуда: Замената за Дани Алвеш пристигнува од Мадрид

Јувентус со официјална понуда: Замената за Дани Алвеш пристигнува од Мадрид

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е сериозно заинтересиран за десниот бек на Реал Мадрид, Данило во кого гледа идеална замена за Дани Алвеш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дани Алвеш го раскина договорот со „старата дама“ после само една сезона, па сега тимот од Торино е во потрага по негова замена.

Прва трансфер цел на „бјанконерите“ е десниот бек на Реал Мадрид, Данило кој нема голема минутажа на „Сантиаго Бернабеу“ и е спремен да ја промени средината.

Медиумите тврдат дека Јувентус испратил првична понуда за Бразилецот „тешка“ 15 милиони евра плус бонуси, но Реал за неговата слобода бара 20 милиони евра.

Двата клуба ќе продолжат со преговорите, а медиумите се оптимисти дека наскоро ќе најдат заеднички јазик за трансферот.

Проблем за Јувентус може да биде фактот што има само едно слободно место за играч надвор од ЕУ, па треба да се одлучи за еден помеѓу Данило и Даглас Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…