Дома Трансфер зона Јувентус се засилува од Манчестер

Јувентус се засилува од Манчестер

Раководството на Јувентус на крајот на сезоната спрема револуција на одбраната, потврди спортскиот директор Бепе Марота.

Барзаљи ја игра последната сезона, Киелини е во поодминати години, а Бенатиа не го покажа најдоброто од себе во Торино.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Следното лето сигурно ќе пристигне Калдара од Аталанта, но од Јувентус потврдија дека ќе биде направена комплетна реконструкција на одбраната.

Италијанските медиуми пренесуваат дека една од главните мети на „бјанконерите“ ќе биде дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан.

„Старата дама“ ќе се обиде да го донесе Дармијан во Торино уште во јануари, а доколку не успее во намерата, тогаш готово сигурно италијанскиот репрезентативец ќе биде доведен следното лето.

Алегри смета дека Дармијан би бил идеално засилување бидејќи може да игра на сите позиции во одбраната и веќе има големо искуство, како во Серија А, така и во Премиер лигата.

Цената на италијанскиот репрезентативец моментално изнесува помеѓу 15 и 20 милиони евра, што нема да претставува проблем за „бјанконерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…