Дома Топ вести Јувентус се вклучи во трката за Заниоло

Јувентус се вклучи во трката за Заниоло

Јувентус ќе се вклучи во битката за потписот на ѕвездата на Рома, Николо Заниоло, пренесува „Скај Спорт“.

„Бјанконерите“  сакаат да ја засилат крилната позиција, а поради фактот што се комплицира трансферот на Ди Марија, сега ќе се насочат кон Заниоло.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Заниоло е и главна трансфер цел на Милан, па следува интересна битка на трансфер пазарот.

Рома е спремна да го продаде Италијанецот, но за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која Јувентус и Милан сакаат да ја намалат преку преговори.

На списокот на „старата дама“ се и Доменико Берарди од Сасуоло и Филип Костиќ од Ајнтрахт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…