Дома Фудбал Италија Јувентус потврди: Сари останува и наредната сезона

Јувентус потврди: Сари останува и наредната сезона

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи ги реши сите дилеми околу иднината на тренерот Маурицио Сари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изминатите недели медиумите шпекулираа дека раководните луѓе на Јувентус не се задоволни од работата на Сари и дека „старата дама“ спрема тренерска смена.

„Овие приказни се само во медиумите. Тука сум десет години и на врвот на табелата сме практично девет години. Освојувавме трофеји со Макс Алегри пет години и секогаш по некое реми, дури и победа, се зборуваше за некакви промени. Без никакви дилеми, Сари ќе биде тренер и следната сезона“, изјави Паратичи, а потоа зборуваше за иднината на Роналдо.

„Кристиано е убеден дека ќе остане во Јувентус. Кога е во прашање Дибала, разговарав со неговите претставници за продолжување на соработката, тој е важен играч и може многу да ни понуди во иднина“, додаде спортскиот директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почина легендарниот Кевин Киган

Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул и поранешен менаџер на Њукасл и Англија, Кевин…