Плејмејкерот на Лестер, Јури Тилеманс ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.
Тилеманс има договор со Лестер до крајот на сезоната и тој одби да ја продолжи соработката со „лисиците“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус се вклучил во трката за 25-годишниот Белгиец и сака да го донесе во Торино на лето како слободен агент.
Јувентус на лето ќе остане без Адриен Рабио, па во Тилеманс гледа идеална замена за Французинот.
Меѓутоа, „старата дама“ ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи интерес за играчот покажуваат уште Арсенал и Барселона.