Федерико Киеза не брза со носењето на одлука за неговата иднина, сепак Јувентус сака неговата ситуација да се реши колку што е можно побрзо.
Според последните информации од Италија, Јувентус на Киеза му поставил ултиматум или да потпише нов договор или да си замине летово.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се интересираше Рома за Киеза и во италијанските медиуми се пишуваше дека имале договор со Јувентус, меѓутоа потоа поради неодлучноста на фудбалерот се откажаа од преговорите.
Сегашниот договор на италијанскиот репрезентативец истекува јуни 2025 година и Јувентус не сака да го изгуби бесплатно.
Платата која сега ја има Киеза е шест милион иевра, а Јувентус за нов договор му нуди пет милиони евра плус еден преку бонуси.
Интерес за Киеза покажуваа и екипите на Наполи и Манчестер Јунајтед.