Италијанските медиуми денеска пишуваат за можноста за размена помеѓу Јувентус и Наполи во која би биле вклучени Џакомо Распадори и Федерико Киеза.
Постои големо ривалство помеѓу Јувентус и Наполи, но клубовите наводно веќе разговарале за можна размена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прво како опција се споменуваше замена на Ди Лоренцо и Киеза, но во Торино сепак не биле заинтересирани.
Меѓутоа денеска медиумите најавуваат дека со Распадори ситуацијата може да биде поинаква. Двајцата фудбалери на трансфер пазарот имаат цена од околу 25 милиони евра, па клубовите лесно би можеле да се договорат.