Италијанскиот шампион Јувентус покажува сериозен интерес за 17-годишниот талент на Фламенго, Рејниер.
Според информациите од италијанските медиуми, „старата дама“ испратила првична понуда од 15 милиони евра за талентот, но Фламенго експресно ја одбил и за својот „бисер“ бара најмалку 35 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рејниер игра на позицијата на плејмејкер и веќе запиша неколку настапи за првиот тим на Фламенго. Талентот е следен од многу скаути на европски гиганти, меѓу кои и Јувентус.
Италијанскиот шампион започнал официјални преговори со Фламенго, но разликата помеѓу двата клуба во моментов е многу голема, па медиумите се песимисти дека трансферот може да се реализира ова лето.
Рејниер е младински репрезентативец на Бразил каде запиша 19 меча на кои постигна 5 гола и запиша една асистенција.