Дома Трансфер зона Јувентус има „кец во ракавот“, поради него Озил сака трансфер во Италија?

Јувентус има „кец во ракавот“, поради него Озил сака трансфер во Италија?

Судејќи според ситуацијата, Месут Озил наредното лето ќе го напушти Арсенал како слободен фудбалер.

Озил во редовите на Арсенал пристигна од редовите на Реал Мадрид, но сега одбива да ја продолжи соработката со „топчиите“ во преговорите кои се во тек веќе неколку месеци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постои опција Озил да замине веќе во јануари за одредена сума, но како што сега стојат работите изгледа дека Германецот ќе го напушти Арсенал како слободен фудбалер во текот на летото.

Фудбалерот од средниот ред во последниот период најмногу се поврзуваше со Манчестер Јунајтед. Сепак, но како што пренесуваат медиумите во Италија, Озил сака трансфер во Серија А.

Кога во прашање е Италија тука најголем интерес за неговите услуги покажа Јувентус. Токму сонародникот на Озил, Сами Кедира, кој е член на „старата дама“ наводно е најголема причина поради која тој сака трансфер во Италија, односно во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…