Италијанските медиуми пренесуваат дека ЈУвентус во јануарскиот преоден рок би можел да се засили со фудбалер на Интер.
Имено, играчот од средниот ред на „нероаѕурите“ Матијас Весино не добива голема минутажа кај тренерот Симоне Инзаги па би можел да го напушти клубот. Договорот на Весино со Интер истекува на крајот на оваа сезона, а Јувентус ќе се обиде да го ангажира уште во јануари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На Јувентус му се потребни засилувања токму средниот ред. Според „Ла Репбулика“, Интер нема лесно да се откаже од својот играч посебно не за да го засили Јувентус.
Весино сезонава има само еден старт во Интер, додека во сите конкуренции собра вкупно 15 натпревари и 388 минути поминати на теренот.