Новото засиливање на Јувентус, Емре Чан денес официјално беше претставен на пресконференција и го одработи првиот тренинг за „бјанконерите“.
На пресконференцијата Емре Чан потврди дека одбил понуди од Реал Мадрид и Баерн Минхен за да потпише за Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„И пред да дојдам, јас знаев дека се работи за голем клуб. Можете сами да се убедите гледајќи ја базата и тренинг центарот. Ова е мојот прв ден, сè е во ред и јас сум среќен што сум тука“, изјави Чан.
„Имав многу понуди од прилично добри тимови, но решив да дојдам во Јуве, бидејќи проектот е многу голем, тука има победнички менталитет, а мојата цел е да освојувам трофеи“, додаде Германецот.
Неизбежно беше прашањето за евентуалното пристигнување на Кристиано Роналдо во Јувентус.
„Верувам дека нема фудбалер, за кого не би било чест ако му се отвори шанса да игра заедно со Кристиано Роналдо. Искрено, немам идеја дали има контакти меѓу него и клубот. Фокусирам сум врз мојата работа“, коментираше Чан.
L'abbraccio dei giovani tifosi bianconeri! #Juventus #EMRECAN #EmreCanDay #CMdiretta [@LoreBetto] pic.twitter.com/SRy1yHHy79
— calciomercato.com (@cmdotcom) July 9, 2018