Дома Топ вести Јувентус го купува големото промашување на Реал Мадрид

Јувентус го купува големото промашување на Реал Мадрид

Јувентус во Реал Мадрид ја пронајде замената за Дани Алвеш.

Јувентус е во потрага по нов десен бек откако Дани Алвеш го прекина договорот. Алвеш сака да игра под водство на Пеп Гвардиола, тренерот кој го водеше во Барселона, и веројатно дека ќе потпише за Манчестер Сити.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Заминувањето на Алвеш го остава Јувентус во незавидна ситуација. 34-годишниот Бразилец се соочи со нова младост во Јувентус и беше еден од клучнуте играчи во походот по двојната италијанска круна и финалето во ЛШ. Во финалето Јуве загуби од Реал, клубот од каде што најверојатно ќе пристигне новата замена за Алвеш.

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус тргна по Данило, бекот на Реал Мадрид кој под водство на Зидан, главно, натпреварите ги гледаше од клупата. 25-годишниот бразилески бек пристигна во 2015. година од Порто како големо засилување, Реал за него плати 31.5 милиони евра, а Данило во тој момент беше четвртиот најскап бек на сите времиња.

Во дресот на Реал, не го оправда вложеното, во првата сезона одигра 24 натпревари во шампионатот, а во другите натпреварувања 17. Неговото место го завзеде Дани Карвахал, играч кој го чинеше Реал само 1,5 милиони евра. 2012. година го продадоа на Баер Леверкузен за пет милиони евра, а година дена подоцна го вратија за 6.5 милиони.

Дури ни повредата на Карвахал не го врати Данило во првите 11, а Зидан на таа позиција го префираше дефанзивецот Начо. Данило веројатно е најмалку важен играч во ротацијата на Реал, а Јувентус се надева да ја искористи ситуацијата и поволно да доведе нов десен бек.

„Старата дама“ е подготвена да понуди 15 милиони со дополнителни бонуси, но Флорентино Перез нема намера да даде толкав попуст. Перез сака со тоа да покрие голем дел од трошоците и ќе бара најмалку 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Викендов се игра последното коло во Премиер лигата, а во него со шанси за титулата влегува…