Дома Трансфер зона Јувентус го „краде“ Дембеле пред носот на Интер

Јувентус го „краде“ Дембеле пред носот на Интер

Јувентус е многу блиску до привлекување на играчот на Тотенхем и белгиски репрезентативец, Муса Дембеле, тврди „Скај Италија“.

Дембеле одби да го продолжи договорот и со сигурност ќе го напушти Тотехем ова лето, бидејќи актуелниот договор му истекува следното лето.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Интерес за Белгиецот покажа и Интер кој важеше за фаворит за неговиот потпис, но „старата дама“ најверојатно ќе успее да го „украде“ играчот пред носот на големиот ривал.

Наводно „бјанконерите“ веќе се сретнале со агентот на Дембеле и се спремни да платат 30 милиони евра за неговиот потпис.

Доколку успее да го донесе во своите редови, Јувентус ќе направи големи промени во средниот ред бидејќи веќе го договорија доаѓањето на Емре Чан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…