Дома Трансфер зона Јувентус го контактирал менаџерот на еден од најбараните фудбалери во Италија

Јувентус го контактирал менаџерот на еден од најбараните фудбалери во Италија

На доминацијата на Јувентус во Италија во блиска иднина не се гледа крајот. „Старата дама“ веќе се години прави одлични трансфери, а така судејќи според се ќе биде и ова лето.

„Раи Спорт“ известува дека во текот на неделата претставници на Јувентус го контактирале менаџерот на Федерико Киеза.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако има само 21 година синот на легендарниот Енрико Киеза веќе сега има репутација на ѕвезда на Апенините. Тимот кој ќе го обезбеди неговиот потпис би требало да си обезбеди одличен играч за наредните десетина години .

Поради тоа клубот од Торино не сака да ја пропушти ситуацијата. Киеза важи за голема надеж на италијанскиот фудбал и за него сигурно ќе мора да се плати сума поголема од 70 милиони евра.

Фиорентина и Јувентус важат за големи ривали и „виолетовите“ сигурно ќе се обидат да го продадат на некој друг, но финансиската моќ на италијанскиот шампион може да биде пресудна. Всушност во последните години Јувентус и скоро редовно да доведува некој играч од овој тим, а последен беше оној на Федерико Бернардески.

Трансферот на сегашниот репрезентативец на Италија беше реализиран во 2017 година и за неговите услуги Јувентус плати сума од 40 милиони евра и веројатно не погреши. Бернардески игра се подобро во Торино и неодамна во натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите беше еден од најдобрите на теренот.

https://www.youtube.com/watch?v=q5wn5xhnG44

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…