Паоло Дибала изгледа е се поблиску да го напушти Јувентус, барем според она што се пишува во италијанските медиуми.
Имено, полицијата минатата недела прекина забава во куќата на Мекени која Американецот ја организирал заедно со Артур и Дибала. Поради кршењето на ковид протоколите клубот ги казни тројцата фудбалери со еден натпревар суспензија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа денес се пишува дека за Дибала тоа не било единствена казна, наводно „старата дама“ ги стопирала преговорите за нов договор.
Договорот на Дибала истекува летото 2022 година и според актуелниот договор заработува 7.5 милиони евра по сезона. Јувентус за продолжување на договорот му нуди плата од 10 милиони евра, сепак сега изгледа се е стопирано.
Преговорите помеѓу Дибала и Јувентус се во тек подолго време, претходно се шпекулираше дека Аргентинецот барал двојно повеќе од тоа што сега го заработува, односно 15 милиони евра по сезона. Во Јувентус со оглед на учинокот не планираа да одговорат на таквите барања.