Дома Трансфер зона Јувентус ги започна преговорите за најголемата италијанска ѕвезда!

Јувентус ги започна преговорите за најголемата италијанска ѕвезда!

„Старата дама“ веќе се години прави одлични трансфери и не мисли да ја препушти доминацијата во италијанската Серија А

„Раи Спорт“ известува дека во текот на неделата претставници на Јувентус го контактирале менаџерот на Федерико Киеза.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако има само 21 година синот на легендарниот Енрико Киеза веќе сега има репутација на ѕвезда на Апенините. Тимот кој ќе го обезбеди неговиот потпис би требало да си обезбеди одличен играч за наредните десетина години .

Поради тоа клубот од Торино не сака да ја пропушти ситуацијата. Киеза важи за голема надеж на италијанскиот фудбал и за него сигурно ќе мора да се плати сума поголема од 70 милиони евра.

Фиорентина и Јувентус важат за големи ривали и „виолетовите“ сигурно ќе се обидат да го продадат на некој друг, но финансиската моќ на италијанскиот шампион може да биде пресудна. Всушност во последните години Јувентус и скоро редовно да доведува некој играч од овој тим, а последен беше оној на Федерико Бернардески.

Трансферот на сегашниот репрезентативец на Италија беше реализиран во 2017 година и за неговите услуги Јувентус плати сума од 40 милиони евра и веројатно не погреши. Бернардески игра се подобро во Торино и неодамна во натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите беше еден од најдобрите на теренот.

https://www.youtube.com/watch?v=q5wn5xhnG44

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ќе мора да бира – Алегри или Киеза!

Фудбалерот на Јувентус Федерико Киеза во последниот период се поврзува со заминување од То…