Дома Трансфер зона Јувентус во Лондон најде решение за одбраната

Јувентус во Лондон најде решение за одбраната

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е заинтересиран во своите редови да го донесе фудбалерот на Челзи Андреас Кристенсен.

Младиот Кристенсен не е прв избор кај Сари оваа сезона и добива мала минутажа, па „старата дама“ сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во Торино.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Јувентус на лето спрема реконструкција на одбраната, Бенатија заминува, Барзаљи ќе оди во пензија, а Киелини е во зрели години. Поради тоа „бјанконерите“ сакаат да ја подмладат одбраната, а Кристенсен важи за еден од најталентираните дефанзивци во Европа.

22 годишниот фудбалер оваа сезона има само 12 настапи во дресот на Челзи од кои само еден во Премиер лигата.

Меѓутоа, после синоќешната повреда на Бонучи, „бјанконерите“ сакаат веднаш да го донесат Кристенсен во Торино и испратиле понуда која Челзи ексресно ја одбил.

Сепак, Јувентус нема да се откаже од намерата и во наредните денови спрема нова понуда, а вреди да се напомене дека двата клуба имаат одлични односи после трансферот на Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…