Колумбискиот фудбалер Џејмс Родригез би можел да го облече дресот на уште еден европски гигант.
Како што тврди „Скај Германија“, 27 годишниот офанзивец на Баерн во своите редови сака да го види италијански Јувентус. Споменатиот медиум тврди дека преговорите веќе се започнати.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Спортскиот директор на „Старата дама“ Фабио Партичи наводно разговарал со агентот на Џејмс, Жорге Мендеш во Дубаи, но засега не е познато дали Јувентус по услугите на Колумбиецот ќе тргне сега или наредното лето.
Оваа сезона тој не игра многу во Баерн. Настапи само на 11 натпревари, а во овој момент е надвор од терените поради повреда на зглобот.
https://www.youtube.com/watch?v=oiNMb56e_Sw