Дома Трансфер зона Јувентус влегува во трката и го „краде“ планираното засилување на Венгер?

Јувентус влегува во трката и го „краде“ планираното засилување на Венгер?

Како што стојат работите во овој момент во финишот од преодниот рок би можеле да гледаме голема „трка“ помеѓу Јувентус и Арсенал.

Познато е дека фудбалерот на Спортинг, Вилијам Карваљо, е голема желба на Арсен Венгер, но од Италија пристигнуваат информации дека Јувентус е спремен да ја плати откупната клазула за овој фудбалер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карваљо веќе неколку преодни рокови е желба на поголем број европски клубови, но тој и понатаму е во редовите на Спортинг.

„Старата дама“ е во потрага за играч за врска, до сега се споменуваа Немања Матиќ, Емре Џан и Матуди, но со ниту еден од нив не успеаа да постигнат договор.

Матиќ и Џан се прескапи, па Јуве одлучи вниманието да го сврти кон младиот Карваљо, кој има 25 години, додека Матуди веќе наполни 30 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…