Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ стигна до 400-ти трипл-дабл во кариерата, Ембид вторпат сезонава на „плус 50“ 🎥

Јокиќ стигна до 400-ти трипл-дабл во кариерата, Ембид вторпат сезонава на „плус 50“ 🎥

Tимот на Ла Клиперс игра во добра форма во НБА лигата, а тоа го почувствува и Далас на Лука Дончиќ.

Клиперси славеа победа со 120:111 и покрај одличниот настап на Дончиќ. Натпреварот Дончиќ го заврши со дабл-дабл од 28 поени, 10 асистенции и исто толку скокови, сепак тоа не беше доволно за победа. Во редовите на Клиперси прво име беше Ленард со 30 поени, 10 скока и пет асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со овој триумд Клиперс се наскор од 17 победи и 10 порази и се наоѓаат на четвртото место на табелата во Западната конференција. Далас од друга страна е шести со 16 победи и 11 порази.

Џоел Ембид одигра неверојатен натпревар и постигна 51 поен во победата на Филаделфија над Минесота од 127:113. За Ембид ова беше вторпат сезонава да постигне над 50 поени.

Покрај 51 поен, Ембид додаде и 12 скока, а промаши само едно слободно фрлање од 18.

Никола Јокиќ одново беше на високо ниво и постигна 31 поен, додавајќи 15 скока и 6 асистенции. Зад Јокиќ беше Мареј со 20 поени, додека на другата страна Скоти Барнс уфрли 30 поени и додаде 10 скока.

За Јокиќ ова беше 400-ти трипл-дабл во кариерата откако во 2015 година заигра во НБА.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Јута 124-116, Индијана – Шарлот 144-113, Орландо – Мајами 106-115, Филаделфија – Минесота 127-113, Бруклин – Њујорк 121-104, Торонто – Денвер 104-113, Чикаго – ЛА Лејкерс 124-108, Хјустон – Атланта 127-134, Далас – ЛА Клиперс 111-120, Сакраменто – Бостон 119-144.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Проблем за Тухел: Баерн ослабен во реваншот против Реал Мадрид

Во среда на програмата во Лигата на шампионите е реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхе…