Дома Кошарка Јокиќ повторно издоминира: Одигра за овосезонски рекорд за победа на Денвер

Јокиќ повторно издоминира: Одигра за овосезонски рекорд за победа на Денвер

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го предводеше Денвер до 30-та победа во НБА лигата. Актуелните шампиони славеа со 104:113 против Вашингтон.

Јокиќ натпреварот против Вашингтон го заврши со 42 постигнати поени што за него беше овосезонски рекорд, а додаде и уште 12 скокови, осум асистенции, три блокади и две украдени топки. Исто така Јокиќ немаше и ниту една изгубена топка.

За шут од игра имаше 15 погодени о 20 обиди, а 12 од 14 слободни фрлања. Бројката од 42 поени е најмногу за Јокиќ во актуелната сезона.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Мајами 105 – 87, Хјустон – Бостон 107:116, Феникс – Индијана 117:110, Лејкерс – Портланд 134:110.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ги кочи засилувањата во Макаби? Диц возврати на обвинувањата на Гершон

Малцинскиот сопственик Ричард Диц негира дека го забавува ангажирањето нов кошаркар и тврд…