Дома Останати Кошарка Јокиќ направи свое мини-шоу и не им дозволи на новинарите да му постават прашање 🎥

Јокиќ направи свое мини-шоу и не им дозволи на новинарите да му постават прашање 🎥

Никола Јокиќ и во изминатата вечер беше одличен водејќи го тимот до победа против Њу Орлеанс од 134:116.

Српскиот центар мечот го заврши со трипл-дабл кој беше негов 108, Јокиќ уфрли 35 поени, 14 скока и 12 асистенции. На вечната листа во овој поредок ги прескокан Леброн Џејмс и Џејсон Кид. Пред Јокиќ сега се само Меџик Џонсон, Оскар Робертсон и Расел Вестбрук.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересно беше и на прес-конференцијата по натпреварот на која Јокиќ направи свое мало шоу.

Јокиќ не дозволи новинарите да му поставуваат прашања, излезе и кратко искоментира:

„Знам што ќе ме прашате, па одма да почнеме“, се обрати Јокиќ и даде анализа на натпреварот, по што ја напушти прес-конференцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Генијалноста уште еднаш на дело: Хит потег на Јокиќ 🎥

Tимот на Лејкерс конечно успеа да ја прекине серијата порази и да го победи актуелниот шам…