Кошаркарите на Денвер изминатата ноќ славеа против Портланд со 126:115 и така се пласираа во следната фаза од плеј-офот со победа од 4:2 во серијата.
Денвер и Портланд одиграа навистина одлична серија, на крајот се радуваше тимот на Никола Јокиќ. Портланд подобро го отвори мечот и водеше со 33:29 после првата четвртина. Предноста Портланд продолжи да ја чува и во втората четвртина и изгледаше дека можат да дојдат до изедначување во оваа серија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После првото полувреме Портланд водеше со 68:61, но Денвер во продолжението успеа да ги сврти работите во своја корист.
Нагентси во третата четвртина ја намалија предноста, а потоа го решија натпреварот во последната четвртина. Денвер последната четвртина ја доби со 28:14 и ја искористи лошата игра на Портланд, на крајот славеше со 125:115.
До победата Денвер беше предводен од Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 36 поени, осум скока и шест асистенции. Во неговата екипа се истакна и Портер со 26 поени, пет сока и четири асистенции.
Кај Портланд најефикасен беше Демијан Лилард кој уфрли 28 поени, подели 13 асистенции и запиша пет скока.