Дома Трансфер зона Јовиќ сака да се докаже во Реал, но „кралевите“ донесоа одлука

Јовиќ сака да се докаже во Реал, но „кралевите“ донесоа одлука

Лука Јовиќ минатото лето пристигна во Реал Мадрид како големо засилување, но не ги оправда очекувањата.

Српскиот напаѓач не успеа да наметне во првиот тим, па оваа сезона постигна само 2 гола, премалку за голгетер платен 65 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради тоа се посилни се шпекулациите дека Јовиќ ова лето ќе ја промени средината. Желбата на напаѓачот е да остане во Реал и да се обиде да го убеди Зидан да му дава поголема минутажа, но се чини дека „кралевите“ веќе донеле одлука.

„Марка“ пипува дека Реал е спремен да се раздели со Јовиќ и веќе влегол во напредни преговори со Милан, клуб кој покажува најсилен интерес за Србинот.

Двата клуба се блиску до договор за едногодишна позајмица на Јовиќ, а „росонерите“ следното лето ќе имаат можност да го откупат за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер плаќа 20 милиони евра за голманот кој одлично ги замени Алисон и Едерсон?

Бразилскиот голман Бенто (24) доби шанса да брани за репрезентацијата на неодамнешните при…