Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев не е многу загрижен за високиот пораз (6:0) од Шпанија во Лигата на нации.
„Во второто полувреме, се обидовме да извршиме индивидуален притисок за да постигнеме гол и да се вратиме во игра. Но, Шпанците играа подобро, тие беа побрзи и попрецизни. Немавме шанса. Сепак, им веруваме на играчите кои беа поканети во националниот тим. На вистинскиот пат сме, но досега заостануваме зад нивото што се надевавме дека ќе го достигнеме“, изјави Лев.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Дали се плашам да ја загубам работата? Тоа прашање треба да им го поставите на раководните луѓе“, одговори Лев.
Шпанија со 11 бода го освои првото место во групата и се пласираше во плејофот, додека Германија е втора со девет бод.