Дома Фудбал Јирген Клоп доби улица во Тузла

Јирген Клоп доби улица во Тузла

Eден од најдобрите фудбаски тренери во светот, Јирген Клоп доби „улица“ во Тузла.

Непосредно во близна на стадионот во Тушањ се појави плоча на која пишува: Улица на наредниот херој Јирген Клоп.

Не е познато кој доделил една тузланска улица на големиот германски стратег, веројатно станува збор за голем навивач на Ливерпул.

Ливерпул 30 години чекаше на титулата во Англија, а доаѓањето на Клоп промени многу работи. Освоена беше титулата, а сезона претходно и Лигата на шампионите.

Клоп е апсолутен херој за навивачите на Ливерпул, но и еден од омилените тренери на неутралните навивачи ширум светот. Претходно во кариерата како тренер Клоп ги водеше екипите на Мајнц и Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на една ера: Роналдо го затвори репрезентативното поглавје

По 234 настапи и 146 гола, Кристијано Роналдо се повлекува од Португалија. Одлуката следув…