Неверојатна приказна за можеби и најмалку познатиот играч на Бразил.
Фагнер, десниот бек на Бразил, многумина можеби се сеќаат на неговите неуспешни обиди во Европа, во ПСВ, па подоцна и Волфсбург.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, добро е што тој воопшто е жив и што игра фудбал.
Имено, тој како шестгодишник бил блиску до смртта, кога при игра со топка со неговиот брат и неколку пријатели скршил стакло кое длабоко влегло во неговата рака.
Изгубил многу крв, практично умирал, но за негова голема среќа тука била соседката која била и медицинска сестра. Таа успеала да го запре крварењето, а на крајот докторите на неговите родители им соопштиле дека буквално за неговиот живот одлучувале минутите.
Првата операција морала да биде извршена многу брзо бидејќи докторите се бореле за неговиот живот, лигаментите не заздравле на најдобар начин, па раката му била неподвижна.
Неговото семејство немало премногу пари, а новата операција била скапа, па морале да позајмуваат и да го продадат автомобилот, со цел да се изведе нов комплициран зафат врз неговата рака.
Потоа следувале неколку години физиотерапија, Фагнер и денес има мали проблеми, едната рака не му е толку функционална, но сепак се добро се завршило.
Фудбал започнал да тренира на 10 години, како јуниор заминал во ПСВ, но воопшто не играл.
„Не правев ништо, не тренирав, размислував да го оставам фудбалов. Ги молев да ме пуштат дома“, се потсетува на тие времиња.
Беше тоа пред 12 години, во Бразил успеал да пронајде ангажман во Васко Де Гама, подоцна уште еднаш се обиде во Волфсбург, но повторно неговата авантура немаше успех, па се врати во татковината после една година.
Тогаш неговиот пат во Коринтијас се вкрсти со сегашниот селектор на Бразил, Тите. Под негово водство играше најдобро. Сепак, не беше во комбинација за Мундијалот, не ни сонуваше. Но, се повреди Дани Алвес, па Тите се сети на него.
На првенството отпадна и Данило, па на 29 години Фагнер доби шанса да биде стандарден во репрезентацијата.