Дома Трансфер зона Ја одби Барса и својот поранешен тренер – Сега Реал тргнува по неговиот потпис!

Ја одби Барса и својот поранешен тренер – Сега Реал тргнува по неговиот потпис!

zidane

„Кралевите“ не стартуваа најдобро, шпанскиот гигант веќе забележа две нерешени средби, против Валенсија и Леванте, очигледно е дека клубот има проблем во одбраната и нападот.

Кога во прашање е одбраната Зидан веќе избра мета, фудбалерот на Атлетик Билбао, Емерик Лапорт, кој би можел веќе во јануарскиот преоден рок да ги засили редовите н клубот од Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интерес за талентираниот Французин покажа и Барселона, многумина веруваа дека Ернесто Валверде ќе биде човекот на одлука, со оглед на тоа дека тој веќе соработуваше со овој фудбалер на „Сан Мамеш“.

Но, наводно Лапорт ја одбил Барса и сака трансфер во редовите на актуелниот шампион на Европа и Шпанија, Реал Мадрид.

Лапорт во својот договор има откупна клазула, која изнесува 57 милиони фунти, што ако се погледне денешната ситуација во фудбалот воопшто не е преголема сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…