Oткако го имавме претходно Лука Станковски од Газиантеп (тука) градот кој е еден од најпогодените, сега во изјава за „Спортски.мк“ ситуацијата ја опиша и поранешниот репрезентативец Адис Јаховиќ.
Ситуацијата во Турција е критична, тоа го потврдува и Јахови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Овa се кризни моменти во Турција, медиумите, телевизиите сите покажуваат што се случуваше во градовите погодени од земјотресот. Имаме и пријатели кои играат во тој дел на Турција.
Јаховиќ веќе имал контакт со Волкан Демирел кој испрати и емотивна видео порака преку социјалните мрежи. (тука)
Се слушнавме со Волкан Демирел, три луѓе се исчезнати од Хатајаспор. Левиот бек кој играше во Челзи (Кристијан Атсу), спортскиот директор и уште еден асистент тренер. Исто така во Малатијаспор каде што настапував исчезнат е вториот голман (Ахмет Ејуп Туркаслан).
Испрати и апел за помош колку што може од Македонија.
„Помош од секаде доаѓа, апелирам во Македонија ако може да се собере колку-толку пакети и помош за погодените градови. Многу е потреба таа помош, се помага од сите делови…Остваривме контакти во Германија да се собере некаква помош. Ситуацијата е критична, но како што сега следев веќе околу еден час земјотресите се престанати. До пред еден час имаше земјотреси на секои пет минути. Многу згради паднаа, некаде околу 2800 до 3000 згради паднаа, околу 1100-1200 луѓе ги загубија животите, а има уште многу исчезнати“.
Во делот каде што живее Јаховиќ засега нема опасност.
„Во нашиот дел, тука во Бодрум каде што живем нема никаква опасност засега. Погоден е само горниот дел на Турција и таму е опасноста, мирно е, но не може да се знае што ќе се случува, на тоа што е од Господ не може да се бега“, ни изјави Јаховиќ.