Дома Фудбал Англија Ѕвездите на Јунајтед веќе сакаат Солскјер да остане на кормилото!

Ѕвездите на Јунајтед веќе сакаат Солскјер да остане на кормилото!

Поголемиот дел од играчите на Манчестер Јунајтед веќе сакаат Оле Гунер Солскјер да остане како постојан менаџер на тимот, пренесуваат англиските медиуми.

Норвежанецот дојде како привремен тренер до крајот на сезоната после отказот на Мурињо и стартуваше со пет победи во првите пет меча. Покрај добрите резултати Солскјер ја придоби и довербата на ѕвездите од тимот кои уживаат во работата со него.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Клупското раководство е во потрага по етаблирано тренерско име за следната сезона, но доколку Солскјер продолжи со одличните резултати, на „црвените ѓаволи“ ќе им биде тешко да го избркаат. Особено поради фактот што фудбалерите го обожаваат Норвежанецот.

„Мирор“ направи анкета, па мислењето на фановите не е многу поразлично. На прашањето дали Солскјер треба да остане и следната сезона, дури 77% од испитаните фанови одговориле позитивно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси ја покажа својата магија, но шоуто го украде Суарез (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами победија како домаќини Атланта Јунајтед со резултат 4:0, а нај…