Дома Трансфер зона Ѕвездата на Реал Мадрид на чекор од Премиер лигата

Ѕвездата на Реал Мадрид на чекор од Премиер лигата

Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо сака во зимскиот преоден рок на „Олд Трафорд“ да го донесе играчот за врска на Реал Мадрид.

Станува збор за Матео Ковачиќ кој не е задоволен до својот статус во Мадрид и минутажата која ја добива оваа сезона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Медиумите на Островот тврдат дека Манчестер Јунајтед го контактирал неговиот агент и Ковачиќ дал „зелено светло“ за трансферот.

„Црвените ѓаволи“ во наредните денови ќе испратат официјална понуда, а Мурињо верува дека Хрватот одлично ќе се вклопи заедно со Матиќ и Погба.

Останува да видиме дали Реал ќе се согласи да го пушти Ковачиќ на средина од сезоната, бидејќи Зидан изјави дека не сака никој да замине во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…