Сезоната во европските лиги полека влегува во завршната фаза, а завесата ќе се спушти со спектакалот во Киев каде што Реал Мадрид и Ливерпул ќе го одиграат финалето во Лигата на Шампионите.
Зинедин Зидан и Реал Мадрид имаат сезона за заборав што се однесува на натпреварувањето во Шпанија, но успеаа да се спасат со пласманот во финалето од Лигата на Шампионите. Двократниот последователен шампион во Европа се бори да ја одбрани титулата, но покрај себе, го има многу незгодниот Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сигурно дека Реал Мадрид веќе полека размислува за следната сезона, а шпекулациите за наводните трансфери на играчите на овој клуб никогаш не недостигаат. Овој пат мета на шпанските медиуми е Лукас Васкез за кого многу медиуми тврдат дека ова лето ќе го промени клубот.
„Diario Gol“ денеска објави дека Зидан не е баш задоволен од игрите на овој играч, иако Лукас навистина имаше доста прилики за игра. Наводно, тој е свесен дека нема така лесно да избори место во првиот тим и одлучи среќата да ја побара во некој друг клуб.
Како што пишуваат медиумите на Пиринеите, Лукас веќе им открил на соиграчите дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, а наводно им кажал дека се договорил со Манчестер Јунајтед. Тој со Реал има договор до летото 2021. година и ќе биде интересно да се види дали од лето ќе биде член на „Црвените ѓаволи“.