Ахмед Муса и донесе три бода на Нигерија против Исланд, но истовремено ја „остави во живот“ аргентинската репрезентација.
Нигерија и Аргентина во третото коло ќе одлучуваат за својата судбија, но се зависи и од исходот на мечот Хрватска – Исланд.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Муса испрати порака до „гаучосите“ и е убеден дека ќе постигне гол против Меси и компанија.
„Секогаш кога Лионел Меси игра против мене постигнувам гол. Пред четири години, во Бразил, постигнав два гола против Аргентина. Мислам дека многу лесно ќе ја затресам мрежата на Аргентина. Ја знаеме тежината на тој меч, мораме да го добиеме доколку сакаме осминафинале. Сметам дека оваа селекција го има тој квалитет“, изјави Муса.