Дома Офсајд Ѕвездата на Манчестер Сити остана без сопругата: Дознала дека има две деца со нејзина пријателка

Ѕвездата на Манчестер Сити остана без сопругата: Дознала дека има две деца со нејзина пријателка

Британските медиуми пишуваат дека фудбалерот на Манчестер Сити, Кајл Вокер (33) се соочил со проблеми во приватниот живот.

Вокер и претходно беше во центарот на вниманието на медиумите поради случувањата во неговиот приватен живот. Наводно, Вокер ја изневерил својата сопруга Ени Килнер (30) со една од нејзините најблиски пријателки Лорин Гудман (32).


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Атрактивната бринета и англискиот репрезентативец се запознаа уште како тинејџери и заедно се 13 години, а во брак се од 2021 и имаат три деца. Но, наводно сега поради неверството го избркала од нивната вила вредна 2.5 милиони евра.

Дека нешто се случило говори и тоа што Ени ги избриша сите фотографии со Кајл на нејзиниот Инстаграм профил. Информациите се дека веќе разговарала со адвокатот околу разводот.

Кога во прашање е Лори Гудман таа имала афера со Вокер и во 2019 година, а плод на тоа е нејзиниот син Каиро роден во април 2020 година. Тогаш Кајл и сопругата Ени беа привремено раздели, па подоцна се смирија. Меѓутоа згодната манекенка која е родена сестра на рејалити ѕвездата Клои Гудман му родила и второ дете на дефанзивецот пред пет месеи. Сето тоа го дознала и Ени поради што одлучила да стави точка на нивниот брак.

„Кајл и Ени веќе некое време се во затегнати односи. Постои историја на проблеми во нидниот однос. Помеѓу останатото и поради авантурите со Лорин. Главна грижа им се трите деца, бракот не пропадна целосно можеби ќе се спаси кога раните ќе зараснат. Мораат да направат пауза. Кајл го прекина контактот со Лорина која имаше штетно влијание на нив“, изјавил неименуван извор на семејството Вокер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Нејмар повторно е во врска со девојката која ја изневерил 92 пати

Бразилецот Нејмар вчера се врати на терените по долгата пауза поради повреда, а медиумите …