Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Манчестер Сити кој ја изневери сопругата: Во Баерн сакав да побегнам, Гвардиола не знаеше ништо

Ѕвездата на Манчестер Сити кој ја изневери сопругата: Во Баерн сакав да побегнам, Гвардиола не знаеше ништо

Кајл Вокер во разговор за британски „Сан“ призна дека ја изневерил сопругата која го исфрлила од вилата.

Дефанзивецот на Манчестер Сити со љубовницата добил и дете, а на крајот призна дека е тој виновен за разводот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Единствениот виновник сум јас. Имам одговорност, свесен сум за тоа, носев глупави одлуки и морам да ги признаам своите грашки. Извинување им должам на сите“, изјави Вокер.

Поради ситуацијата во неговиот приватен живот и притисокот од медиумите беше блиску до преминување во Баерн Минхен за сума од 17 милиони евра.

„Се договорив со Баерн бидејќи сакав да побегнам од тука. Дали сакав да го напуштам Сити? Секако дека не. Ние во овој момент сме најдобар тим на светот, но во таа понуда гледав шанса да побегнам од Англија. Гвардиола не знаеше што се случва бидејќи не сакав да му кажам. Мислеше дека психички не сум тука. Не можам доволно да му се заблагодарам на довербата и разбирањето кое го имаше за мене“, изјави Вокер.

Вокер на крајот се откажа од Баерн и остана во Сити. Поради неговиот бурен приватен живот Вокер беше во центарот на вниманието и за време на корона пандемијата кога наводно организирал забава со проституки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …