Дома Останати Тенис Ѓоковиќ откри што најмногу сака да се случи во 2025 година

Ѓоковиќ откри што најмногу сака да се случи во 2025 година

Новак Ѓоковиќ ќе мора уште да почека на својата јубилејна 100. титула во кариерата. Во првото коло на турнирот во Доха изгуби од Матео Беретини (7:6, 6:2). Ова му беше првиот турнир уште од Австралија опен и мечот против Саша Зверев кој мораше да го предаде во полуфиналето поради повреда. Очигледно беше дека не е доволно подготвен за натпреварувањето во Катар.

Србинот призна и самиот дека не чувствувал болка и дека повредата не беше проблем, туку дека едноставно не тренирал доволно. Потоа доби прашање за 25. грен слем трофеј и кога би можел да го достигне.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Искрено, не знам. Најважно ми е да сум здрав, добро подготвен за турнирите. Тоа можеби не беше случај сега во Доха. Не чувствував болка, но имав недостаток на тренинг и сетови на тренинзи. Сезоната е долга, ќе видиме. Јубилеите се нешто што ме мотивира, кога ќе дојдат? Ќе видиме. Би сакал тоа да се случи оваа година”, изјави Ѓоковиќ за „Спорт клуб“.

Неговата желба е да освои трофеј на Ролан Гарос, Вимблдон или US опен, но е свесен дека Карлос Алкараз и Јаник Синер се најголеми фаворити на тие натпреварувања.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вакво нешто никој не очекуваше: Синер шокираше со одлуката на три дена пред Вимблдон!

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер три дена пред почетокот на Вимблдон донесе одлука д…