Новак Ѓоковиќ беше неочекувано елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн од Американецот Рајли Опелка во два сета и многумина се прашуваат дали тоа беше само лош ден или лоша најава пред почетокот на првиот гренд слем сезонава.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Познатиот француски новинар Беноа Мејлин смета дека Ѓоковиќ во Мелбурн нема шанси да стигне до крај.
„Јас апсолутно не верувам во триумфот на Ѓоковиќ во Мелбурн. Едноставно, нема да биде подготвен. Тоа е невозможно. Навистина не гледам како може да победи во седум натпревари во три освоени сета во моментов. Притоа, ќе биде седми носител што ќе ја отежни ситуацијата, особено физички. Мислам дека сè уште не е подготвен“, вели новинарот.