Дома Останати Ракомет Ѓукиќ : Борозан нема да игра на ЕП поради притисок од Вардар и Македонија ?!

Ѓукиќ : Борозан нема да игра на ЕП поради притисок од Вардар и Македонија ?!

Настапот на најдобриот црногорски ракометар, Вуко Борозан, на ЕП во Хрватска и натаму е неизвесен, а селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ, за тоа најголема причина наоѓа во притисокот од Македонија.

Ракометарот на Вардар пред Нова Година имаше сообраќајна несреќа во близина на Цетиње, во која го повреди мускулот на ногата што пак го доведува во прашање неговиот настап на ЕП. Според Ѓукиќ, на Борозан останува одлуката дали ќе игра или не, а тука пресуден според него е притисокот од клубот и од македонската јавност. Македонија и Црна Гора ќе играат меѓусебе во групата Ц на ЕП.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Немам нови информации кога е во прашање состојбата со повредата на Вуко Борозан. Можам да го повторам само она што го реков, дека добредојден е секој играч што сака да игра за Црна Гора. И тој е секогаш добредојден, но тој мора сам да ја донесе таа одлука. Што се однесува до нас, нема притисок и тој е добредојден, но веројатно трпи притисок и од страна на клубот и од страна на целокупната македонска јавност, бидејќи се прави атмосфера дека однапред се откажуваме од неговиот настап на првенството. Желба на сите нас е настпот на ЕП да не го завршиме  после првата седмица и после три одиграни натпревари, а имаме право да направиме измена во составот и сето тоа е отворено, изјави Драган Ѓукиќ за црногорските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…