Денес одбојкарската репрезентација на Македонија ги доби противниците во групата Ц од „златната лига“.
Македонија ќе игра во група со Турција, Португалија и Чешка. Капитенот на репрезентацијата, Никола Ѓориѓев е свесен дека имаме тешка група, но потенцираше дека на ова ниво лесни натпревари нема. Јасно е дека квалитетот е многу поголем од „сребренат лига“ каде што игравме претходно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Групата е тешка, меѓутоа на ова ниво лесни противници нема. Тука е кремот на одбојката и ние заслужуваме да бидеме дел од него. Добро е што стартуваме дома и ако победиме, тоа би бил одличен почеток. Ова не е како „сребрената лига“, не сме фаворити, но имаме екипа која може да направи историја. Португалија ќе биде домаќин на „Челенџер“ купот и прочитав дека селекторот ќе ја искористи Европската златна лига за да ги провери сите играчи, мојот техничар во Фридрихсхафен е капитен на Чешка и ќе се обидам да соберам некоја информација од него. Турците ги познаваме и сакаме да им се реваншираме за поразот на ЕП. Сонувам за три победи дома и една или две на гости, тоа би значело пласман во завршницата на турнирот. Најважно е да се сите здрави“, изјави Ѓорѓиев.
Распоред на натпреварите:
1.коло – 23/24.5.2020: Македонија – Чешка
2.коло – 27.05.2020: Турција – Македонија
3.коло – 30/31.05.2020: Португалија – Македонија
4.коло – 06/07.06.2020 Македонија – Португалија
5.коло – 10.06.2020 Македонија – Турција
6.коло – 13/14.06 2020 Чешка – Македонија