Новак Ѓоковиќ уште еднаш потврди дека е неприкосновен крал на Асвтралија Опен и ја освои 10-та титула, откако во финалето беше подобар од Циципас (3:0).
Ѓоковиќ го најави триумфот против Циципас уште во првиот сет кој го доби во 6:3. Во вториот сет Гркот покажа најголем отпор, но Србинот беше подобар после тајбрејк со 7:6.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Третиот сет Циципас го почна со брејк, но Ѓоковиќ веднаш позврати и беше израмнето до крај, па повторно во тајбрејк Ноле беше подобар со 7:6.
Ова за Ѓоковиќ беше 22 Грен слем титула и „одмазда“ за тортурата која ја доживеа минатата сезона.