Дома Останати Ѓоковиќ се враќа на терените – ќе игра во Токио

Ѓоковиќ се враќа на терените – ќе игра во Токио

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ ги израдува фановите и ќе се врати на терените уште на Мастерскот во Токио.

Кога поради болки во рамото мораше да го предаде мечот против Станислав Вавринка уште на почетокот на септември на УС Опен, се поставуваше прашањето до кога ќе паузира Ѓоковиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, Србинот реши да се врати на тенискиот терен на турнирот од серијата 500 во Токио, кој започнува во понеделник.

Ѓоковиќ досега ниту еднаш не триумфирал во Токио и ќе се обиде да дојде до првиот триумф годинава како прв носител, а главни конкуренти ќе му бидат Чориќ, Гофан, Раониќ, Чилиќ, Вавринка…

„Одлучив да играм во Токио затоа што сакам да осетам какви се условите, градот и терените за Олимписките игри кои следуваат минатата година. Нескромно ќе кажам дека Олимписките игри ќе бидат мојот најголем предизвик во тенисерската кариера“, изјави Ѓоковиќ.

Разликата меѓу Ѓоковиќ и Надал е само 640 бода, а со победа на турнирот во Токио, Ѓоковиќ би можел да ја зголеми предноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …